Делчевските производители го добија прирачникот за Мотивационо градинарство

Здружението на производители на органски производи ,,Аронија” пред земјоделците од делчевскиот регион го претстави прирачникот ,,Билошка заштита и прехрана на растенијата во склад со природата”.

Публикацијата е резултат на имплементацијата на проектот ,,Мотивационо градинарство во склад со природата” финансиран од ЕУ кој здружението го спроведуваше во изминатите неколку месеци.

-Во рамки на проектот беше изработена публикација или прирачник со наслов Билошка заштита и прехрана на растенијата во склад со природата. Во овој прирачник се соберени околу 30 препарати за заштита на растенијата со биолошки средства за заштита и на земјоделците ќе им помогне да ги намалат своите трошкови, да не купуваат хемиски препарати за заштита, да ги искористуваат природните ресурси за заштита на нивните растенија и овоштарници, истакна Фиданчо Христов, координатор на проектот.

Проектот кој започна со имплементација во месец јули 2023, официјално ќе заврши кон крајот на месец февруари 2024.

-Со проектот се обучија околу 30 сопственици на зелени имоти кои во иднина ќе произведуваат храна со методите на перма култура, додаде Христов.

Со придобивките од проектот кои се вметнати во самата публикација денес се запознаа и дел од производителите на Градскиот пазар во Делчево. Публикацијата е изготвена како дел од поддршката на ЕУ проектот „Овозможувачка средина и отпорност на граѓанските организации”. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*