Зголемена фреквенција на возила и луѓе во станиците за технички преглед и МВР утрово во Делчево

Во Делчево утрово зголемена фреквенција на возила во станиците за технички преглед и во просториите на МВР каде се менуваат личните документи и патните исправи со старото име Република Македонија чија важнот истекува ноќеска по полноќ. Ставањето налепници на возилата кои се уште се со кодот МК во Делчево тече без проблеми, иако на шалтерите забележиви се поголем број граѓани кои чекаат да ги подигнат бесплатните лепенки со новиот код НМК.

-Важно е да се знае за коминтентите дека треба да дојдат со возило за да пополнат лично барање, да се стави налепница за возилото. Истата е бесплатна, контролорите се задолжени да ја залепат таа налепница, вели Елизабета Таковска, вработена во приватна станица за технички преглед во Делчево.

Од анкетата направена со делчевчани на тема промена на лични документи, дознаваме дека дел од нив веќе ја завршиле процедурата, додека имаше и граѓани кои изјавија дека нивните деца ги немаат променето пасошоте поради што се соочуваат со проблеми во патувањето од една во друга држава. Вели дека за очекување е да ја тужат државата во Стразбур поради загрзување на граѓанското право за слободно движење.

-Кој и да е на власт не може да го смени законот. Не бранам никој туку се нервирам бидејки моите деца не можат да патуваат конкретно ќерката од Португалија во Чиле. Но ќе добие тужба државата во Стразбур, бидејки се загрозува граѓанското право на движење, вели граѓанин на Делчево.

-Ќе менувам сообраќајна дозвола другото, се ми е сменето, вели друг повзрасен граѓанин на Делчево.

Според дел од анкетираните граѓаните требало подобро да бидат информирани за да не дојде до оваа ситуација.

-Мојата ќерка сега треба да дојде само да го извдади пасошот повторно и да го фрли после. Решението е  политичарите да почне да мислат за овој народ да оди напред, а не да тапскаме во место, додава друг граѓанин од Делчево.

Во просториите на Одделението каде се изготвуваат новите лични и патни исправи чекаа околу 50-тина граѓани, најголем дел од нив за издавање возачки дозволи со новото име на Република Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*