Втора награда за пехчевката Оливера Кратевска на Републичкиот литературен фестивал за наставници

Општинска установа- Матична библиотека ” Кочо Рацин” учествуваше на републичкиот литературен фестивал за наставници од основното образование во организација на Дом на просветни работници Скопје со наставничката Оливера Кратевска на тема:

,,Јазикот е нашата единствена татковина”.

Честитки до Оливера која го освои II место. Убав повод за одбележување на 21 Февруари- Светски ден на мајчиниот јазик, се вели во честитката до Кратевска од библиотеката ,,Кочо Рацин” во Пехчево.

На конкурсот „Јазикот е нашата единствена татковина“ како што стои во објавата на Колибри пристигнати биле творби од поголем број наставници од основните училишта, љубители на пишаниот збор.

Жири-комисијата како што се додава во објавата донесе одлука да избере по шест награди од сите категории.

Во продолжение е списокот на наградените наставници учесници на литературниот конкурс.

Прво место освоија:
• Марга Прошева
• Весна Недановска
• Николче Јакимовски
• Весна Тодорвска
• Соња Даниловска
• Ирена Пешевска

Второ место освоија:
• Надица Митевска Ангелова
Оливера Кратевска
• Катерина Лазаровска
• Адраманова Билјана
• Китанова Ленче
• Анета Мицевска

Трето место освоија:
• Виолета Петковска
• Каролина Попова
• Тајна Јовановска
• Катерина Алексова Наумова
• Марина Василевска Стојановска
• Рада Столеска

-Со II место на Државниот натпревар , Ви го честитам Светскиот Ден на мајчиниот јазик на сите, посебна благодарност до Габриела Кпстадинова, која го најде конкурсот и ја испрати мојата творба, истакна наградената Оливера Кратевска.

Од Жири-комисијата која им честиташе на наставниците информираа дека наградените литературни творби ќе бидат испечатени во алманахот на детскиот литературен фестивал „Ракатки“ за 2024 година.

Завршната манифестација и врачувањето на дипломите ќе се одржат на Денот на мајчиниот јазик, 21.2.2024 година, од 14 до 16 часот, во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, бул. Климент Охридски бр. 21 (https://rcgo.mk/)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*