Донација од книги за ЈЛБ ,,Илинден” од проф.Трајан Гоцевски, првиот цивилен Министер за одбрана на Р.Македонија

Денеска во посета на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, беше професорот Трајан Гоцевски, слободно можеме да кажеме наш сограѓанин и роднокарен автор. Библиотеката од него на подарок доби неколку негови наслови меѓу кои „Македонски безбедносни лавиринти“, 4 книги од овој наслов, ,„Македонска армија-формирање и развој“„Македонија во НАТО“ 1 и 2 дел и неговото последно издадено дело, во 2023 година, „Од работ на бездната до НАТО-Армија“(низ етерот на македонското радио).Сите наслови ќе бидат обработени и достапни за нашите читатели.

Голема благодарност до професорот Гоцевски, за донацијата, ова не е прв пат да подарува книги на ЈЛБ„Илинден“.

Разговаравме и за многу активности и проекти кои во иднина би можеле заедно да ги реализираме.

Трајан Гоцевски е роден во село Селник, Делчевско, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Делчево.
На Економскиот факултет во Скопје дипломирал во 1973 година. Постдипломските студии од областа на економијата ги завршува во 1982 година со одбрана на магистерскиот труд со наслов: “Развој на малото стопанство”. Докторатот по економски науки со наслов “Меѓузависноста и влијанието на подготовките за одбрана и стопанскиот развој”, го одбранува во 1987 година.

По дипломирањето се вработува во фабриката “Фротирка” во Делчево.
Во 1974 година е избран за претседател на Извршниот совет на Собранието на општина Делчево.

Од 1978 година е избран за советник во Владата на Република Македонија.
Во 1981 година е именуван за секретар на Републичкиот одбор за сообраќај и врски.
Во 1988 година е избран за доцент на Филозофскиот факултет во Скопје за предметите: Политичкиот и економскиот систем и одбраната на Македонија и Економика на одбраната.

Во 1995 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во 1991 година е избран за Декан на Филозофскиот факултет во Скопје, позиција која ја извршува до 2009 година.
Во 1992 година професорот Гоцевски беше член на Владата на Република на Македонија и прв цивилен министер за одбрана. Тој е творец на цивилниот модел на одбранбениот систем на Република Македонија и архитект на мирното одвојување на Македонија од поранешна Југославија и на создавањето на независна и суверена Македонија.

Од 1999 до 2003 година, е член на Советот за безбедност на Република Македонија
Професорот Гоцевски претстојувал на универзитетите во Париз, Дижон, Виена, Клагенфурт, Ајндховен, Софија, Истанбул, Гетеборг, Љубљана, Загреб, Белград, Арнем итн.

Автор е на 80 книги и на преку 280 труда, објавени во македонски и во многубројни странски списанија, на македонски, на англиски, на француски и на албански јазик.
Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.

Тој е член на Советот на центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.
Од 2019 година е именуван за член на Советот за безбедност на Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*