Три екипи од пионерската лига се сигурни учесници во полуфиналето, а останува борбата за последното место кое води кон борбата за медал. Во група А, на првите две места се Вардар и Делчево Вардар, а Ѓорче Петров е убедливо прв во група Б. Тие веќе размислуваат за полуфиналето, а последниот учесник ќе се бара меѓу Стружанка, Пелистер и евентуално Металург.
Полуфиналето се игра по принципот А1-Б2 и А2 – Б1. Речиси сигурно е дека Ѓорче Петров и Вардар ќе бидат првопласирани, а другите ќе се борат за второто место.
Во дербито на група А, вардарки како гостински го победија Делчево Вардар со 25-23 (16-12) што „скопскиот вардар“ избега и се зацврсти на лидерското место на табелата. Гостинките водеа во текот на целиот меч, а Неда Јанева со 10 гола беше најдобра стрелец. Во второто полувреме Делчево Вардар се приближи на „минус 2“ (19-21, 20-22), но немаше сили за пресврт.
До крај на првенството остануваат уште 3 кола, но речиси се е познато во групата.


Leave a Reply