Мини изложба со изработки на Лицата со посебни потреби во ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Мини изложба со изработки на Лицата со посебни потреби  денес беше отворена во просториите на Јавната локална библиотека ,,Илинден”. Изложбата како што информираше директорката на установата Биљана Петровска ќе биде поставена во холот на библиотеката, каде сите читатели ќе можат да ја разгледаат.

-Денес наши гости беа дел од корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби и дел од членовите на клубот за социјална инклузија „Интегра“. Мал број на сограѓани знаат дека меѓу другото, тие изработуваат и пликови од рециклирана хартија, односно пликото е завршниот дел од постапката за рециклирање на хартија. Токму затоа ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, одлучи дел од тие пликови да изложи во библиоитеката и со тоа да ги промовира пликоата, но и јавно да го пофали трудот и мотивираноста на корисниците за нивна изработка, истакна Петровска .

Таа изрази благодарност до сите од Дневниот центар за лица со посебни потреби и клубот „Интегра“, кои ја прифатија поканата на библиотеката.

 -Јавната локална библиотека „Илинден“, ќе продолжи да ги промовира сите талентирани, амбициозни наши сограѓани кои нешто создаваат и творат а за нивниот труд малку се знаеОвие лица иако различни се исти како сите , многу трудољубиви, креативни и  вредни, додаде Петровска.

Изработките лицата со посебни потреби ги изработуваат за време на нивниот престој во центарот каде како што истакнаа оттаму се максимално ангажирани и со радост ги извршуваат сите работни задачи и обврски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*