Младинците на ПСК ,,Голак” го искачија врвот Кадиица

Планинари од Планинарски спортски клуб ,,Голак” од Делчево денес реализираа планинарска маршрута во должина од 23,6 километри за искачување на врв Кадиица на планината влаина, Општина Пехчево. Маршот како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски се реализирал во поволни временски услови добри за планинарење, поради што сите планинари успешно ја завршиле акцијата.

-Денес, членови на ПСК ,,Голак”  Делчево направивме планинарска акција за искачување на врв Кадиица 1932 м.н.в. со следната кружна патека : Пехчево 1000 м.н.в. – Филтер станица 1139 м.н.в. – Смрдлива (Рѓава) Вода 1365 м.н.в. – Вртена Скала 1383 м.н.в. – Течение на Пехчевска Река 1500 м.н.в. – Кадан Чешма 1589 м.н.в. – Врв Кадиица 1932 м.н.в. (тоа е граничен камен 55) – Извор на река Желевица 1729 м.н.в. – Трешчен Камен 1614 м.н.в. – Подмасив Буковик 1703 м.н.в. – Јудови Ливади 1200 м.н.в. – Филтер станица 1139 м.н.в. – Пехчево 1000 м.н.в. во вкупна должина од 23.6 км, информираше Чучуковски.

Претседателот на делчевскиот планинарско-спортски клуб упати  благодарност до младинците од младинската секција при самиот клуб.

-Благодарност до младинците предводени од младинските лидери Вања Ѓеоргиевска и Давид Златковски кои успешно ги водеа младинците: Максим Атанасовски, Максим, Калин и Филип Стефановски, Ивана Ѓеоргиева, Мартин Ристов, Александар Ристов, Александар Анастасов, Мар4ин Крстовски, младинци кои се на возраст од 9 до 17 години и се движечка сила на клубот.
Благодарност и до останатите возрасни членови на клубот кои зедоа учество.
Благодарност и до градоначалник Горан Трајковски кој ни го обезбеди превозот за да ја реализираме оваа акција, додаде Чучуковски кој напомена дека на самиот врв се одржале и мали предавања за планината Влаина, за климатските зони, како и мала обука од областа на ориентацијата каде младите практично научиле ориентација во простор со мапа, како и осеверување на мапа и компас.

Мапа и графикон од денешната акција за искачување на врв Кадиица 1932 м.н.в. на планината Влаина.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*