Одржана хуманитарната трка „Зегин Спектратон“ – трка на херои во сите бои

Убав настан во Скопје. Повеќе од 2.000 учесници утрово трчаа на Зегин спектратон – трка на херои во сите бои…

Околу 2000 граѓани денеска учествуваа во хуманитарната трка Зегин Спектратон – Трка на херои во сите бои.

Трката е во организација на компанијата Зегин и Фондацијата др. Верица Механџиска и е од хуманитарен карактер, односно собраните средства од котизациите за учество ќе бидат наменети за здружението „Во мојот свет, со цел побрзо да се изгради првиот социјален клуб во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.

Петре Завировски, атлетичар на Вардат, прв стигна на целта во трката од 5 километри, редовно учествува на вакви трки, и особено му е драго што е победник на трка од хуманитарен карактер.

Покрај трката од пет километри, беше организирана и трка од десет километри како и детска трка, во која учествуваше и државниот шампион во детска лига.

Победниците на трките од 5 и 10 километри беа наградени со парични награди, за сите останати имаше подароци.

Во продолжение погледнете неколку видеа од изјавата на организаторите за Канал 5 телевизија, како и изјавата за Делчево365 на сопственикот на компанијата Зегин, г. Благој Механџиски, видео од дрон и теренски снимки од самата трка која имаше беспрекорна организација:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*