Се гради нов резервоар за вода во месноста ,,Чука” во Делчево

Во рамките на проектот ,,Водоснабдување на Делчево” се гради нов резервоар за вода на местото викано Чука во населбата Трети реон.

Новиот резервоар за вода за пиење се гради на истото место од стариот резервоар со што се зголемува капацитетот на самиот резервоар од 300м3 на 800м3.

Новиот резервоар за вода ќе се гради со нови материјали и технологии со што ќе се влијае на квалитетот и ќе се минимизираат загубите на вода, а контролата ќе биде на СКАДА системот за автоматско управување и менаџирање.

Градежните активности се во напредна фаза, се изведуват етапно и на повеќе сегменти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*