Во сабота на 22 јуни 2024 од 10:00 часот на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Делчево, Фудбалскиот клуб ,,Брегалница” Делчево младински категории ќе биде домаќин на екипите на ЦСКА Софија и Вардар – Скопје.
Фудбалскиот тромеч ќе се одигра помеѓу генерациите 2012, при што натпреварите се играат по принцип ,,секој со секој” 2×20 минути.
На настанот се очекува пред се многу дружба забава и одлични фудбалски потези.
Домаќините упатуваат отворен повик до сите вљубеници во фудбалот, со своето присуство да го збогатат овој фудбалски спектакл, кој се очекува да прерасне во традиционален настан.


Leave a Reply