Швајцарска донација за ТППЕ Берово

Преку донација од Швајцарската фирма
Chatel-Saint-Denis, се унапредува системот за противпожарна заштита во Берово.

Заедно со делегација од општина Берово, градоначалникот на соседно Берово престојува во Швајцарија, каде што прими донација, противпожарна скала, што ќе биде дополнителна опрема, во борбата со справување со пожарите.

-Новата противпожарна опрема, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја и за заштитата на животната средина, истакна Пекевски.

Швајцарија долги години е поддржувач на Берово, во областа на заштита и зачувување на природата, па така и оваа донација како што додаде беровскиот градоначалник ќе биде од голема корист во справувањето со елементарни непогоди.

Градоначалникот Пекевски, упати благодарност за донацијата, која ќе помогне во ефикасната противпожарна заштита за зачувувањето на природните ресурси, со надеж дека ова е само почеток на соработката која во иднина ќе се унапредува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*