Во с.Стар Истевник денес ќе се одржи првата работилница посветена на животот на село

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ во партнерство со Центарот за одржливи практики „Природна перспектива“ денес ќе ја одржи првата работилница во рамки на новите содржини за „Лице в лице“, и тоа со тема која е посветена на живот на село.

Каде? Стар Истевник, Делчево
Кога? 27.06.2024
Во колку часот? 17.00

-На овој настан ќе зборуваме со вас кои живеете во рурална област, но, и со сите кои имале вакво исткуство, или пак, се на чекор до преселување во некое од селата и оваа тема ви е многу примамлива. Би сакале да слушнеме повеќе за вашите искуства, планови и очекувања од животот во село, и
како можеме да го подобриме квалитетот на животот во овие заедници.

Вашите одговори ќе ни помогнат да ги разбереме клучните фактори кои ги привлекуваат луѓето во руралните области и да ги идентификуваме предизвиците што треба да се решаваат, особено за помладата популација.

Можете да нè контактирате на licevlice@public.org.mk, или на социјалните мрежи:

https://www.instagram.com/licevlice/
https://www.facebook.com/LiceVLice

Линк до прашалник: https://licevlice.mk/shto-ti-nedostasuva-vo-zhivotot-i-rabotata-na-selo-spodeli-gi-tvoite-iskustva/

П.С. Дојдете и со вас понесете многу искуства, добра идеја и насмевка!, се вели во најавата за настанот за кој може да дознаете нешто повеќе со клик на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*