Се продлабочува соработката меѓу културните установи од Делчево и Банско

Делегација од Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево оствари работна посета во село Бање – град Разлог и Град Банско каде со Народното читалиште ,,Просвета 1908“ и НЧ ,,Никола Јонков Вапцаров “- Банско .

Со нивните претседатели на читалиштето договорија долгорочна соработка на културно поле и започеток е договорено Фолклорната група од Народно читалиште село Бање да гостува на 8 август во Делчево на Голачки Фолклорни средби, а Фолклорната група при НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево да гостува на 7 Национален фолклорен фестивал во с.Бање ,, Свири ми се, пее ми се , игра ми се “ во село Бање на 13/14/15 септември.

Во склоп на посетата со претставниците на НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево беа и наставниците по македонски јазик и литература и ученици од двете основни училишта ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево и „Св.Климент Охридски“ Делчево кои учествуваа на литературната работилница Аз, буки, веди – аманетот на словенските браќа Св. Кирил и Методиј’ .

Децата се нишка со која ја ткаеме и чуваме иднината за да се погрижиме таа да биде светла. Затоа треба да им дадеме визија да го разбираат светот со Гоцевата мисла како поле за културен натпревар меѓу народите.

Учениците и професорите од двете основни училишта во организација на директорот на НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево Љупчо Петровски ги посетија читалиштето во село Бање град Разлог и читалиштето НЧ Никола Јонков Вапцаров “ – Банско на спомен куќата и музеј на Никола Јонков Вапцаров, а направивме посета и на ООУ ,,Пасии Хилендарски“ град Банско каде што професорите разменија меморандуми за соработка и пријателски разговараа за можната соработака помеѓу училиштата од Делчево и Банско за продлабочување на соработката на културен план.

Им благодариме на секретарите на читалиште просвета с Бање град Разлог Надежда Кехаиова и Силвија Терзиева и претседателите на читалиштето Марија Попова и Евгенија Тренчева која е и директор на ООУ ,,Пасии Хилендарски“ град Банско, се вели во објавата на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*