Дневниот центар од М.Каменица доби наменско возило за лицата со посебни потреби

Денеска, во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица беше предадено на користење наменско возило за потребите на лицата со посебни потреби.

Набавката на возилото како што стои во објавата на градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски е реализирана како дадено ветување пред граѓаните и како дел од програмата за неговата и работата на општината.

Реализацијата на овие проекти се со цел подобрување на условите за лекување, заштита и згрижување на граѓаните од нашата општина. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме и во иднина да спроведуваме вакви проекти согласно потребите на граѓаните и институциите во општината.

Исто така, претходно општина Македонска Каменица изврши набавка и на возило за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица.

Возилото е набавено со средства од Буџетот на општина Македонска Каменица. За набавка на истото се издвоени приближно 2 265 000,оо денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*