На 12-ти јули на празникот посветен на ,,Светите апостоли Петар и Павле,’’ Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко началствуваше на Божествената Света Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица’’ во Делчево. На Епископот му сослужуваше бројно свештенство од епархијата и гости свештеници од други епархии.

За време на Литургијата Епископот одржа пригодна беседа во која го се осврна на чудесното обраќање на св. ап. Павле, кој после оваа средба од најголем гонител на христијаните се преобратил во најзначаен проповедник на верата. Исто така го потсети верниот народ како големиот св.ап.Петар, чие име во превод значи камен, трипати се одрече од Христос, но со покајнички плач се врати во верата и со три потврдни одговори, ја исповеда неговата голема љубов кон Христа.

На Литургијата Епископот го ракоположи во ѓаконски чин, ипоѓаконот Виктор Крстевски од Делчево. Ова е прво ракополагање во новоформираната Делчевско-каменичка Епархија.

Нека е честит и од Бога благословен ѓаконскиот чин, благодатта нека го крепи постојано низ сите предизвици и искушенија во духовното растење.




Leave a Reply