Во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево утре ќе биде отворена изложбата на една од најпознатите ликовни колонии во Македонија – „Ѓуриште“ од Свети Николе.
Изложбата, која ќе започне во 13 часот, е посветена на 20-годишното постоење на колонијата „Ѓуриште“, која со своето долгогодишно творештво и традиција претставува значаен симбол на уметничка инспирација и заедништво меѓу македонските ликовни автори.
Настанот се реализира во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во соработка со ОЈУ Дом на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе.
Организаторите упатија покана до јавноста да ја посети изложбата и да ужива во делата на македонските ликовни творци.

Leave a Reply