Делчево, 7 ноември 2025 – Претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски, донесе решение за свикување на Првата редовна седница на Советот, која ќе се одржи на 12 ноември (среда) со почеток во 10:00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево, сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ.
На дневен ред на седницата се повеќе точки, меѓу кои усвојување на записникот од Конститутивната седница и донесување на повеќе решенија за формирање на постојани комисии: за статут и прописи, за финансирање, буџет и ЛЕР, за урбанизам и заштита на животната средина, за комунални работи и сообраќај, за јавни дејности, за еднакви можности помеѓу мажите и жените, како и Комисија за спорт.
Советот ќе расправа и за формирање на Локален совет за превенција, за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови, како и за измена на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево.
Меѓу точките се и кварталните извештаи за извршувањето на буџетот на Општина Делчево за првото и второто тримесечје од 2025 година, предлог-план на програми за развој на општината за 2025 година, како и одлуки за давање на времено и трајно користење на движни и недвижни ствари на јавни установи.
На седницата ќе се разгледува и измена на Годишниот план за вработување на Општина Делчево за 2025 година.

Leave a Reply