Струмица, 14 ноември 2025 – Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ доби нов вршител на должност директор, откако градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, ја разреши досегашната директорка Мери Спасова, која функцијата ја извршуваше само еден месец. Спасова беше назначена во периодот пред локалните избори од страна на поранешниот градоначалник Костадинов.
На нејзино место, за В.Д. директор е поставен Александар Петровски, 41-годишен инженер агроном и родум од Делчево. Петровски во моментов ги продолжува своите постдипломски студии на магистерската програма при Правниот факултет.
Од Општина Струмица посочуваат дека новото именување е дел од поширок процес на кадровски промени во општинските јавни претпријатија, со цел обезбедување поефикасно и професионално функционирање.

Leave a Reply