Ученици од Делчево ја истакнаа уметноста на ракописот на натпреварот по краснопис

Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со двете основни училишта во градот, го реализираше годинешниот натпревар по краснопис, на кој учество земаа ученици од III до VI одделение. Преку своите трудови, младите учесници ја истакнаа убавината, значењето и вредноста на уредниот и читлив ракопис.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски, кој имаше можност лично да ги честита успесите на најдобрите. Од библиотеката упатија благодарност за неговото присуство и поддршка.

Вкупно 23 ученици се натпреваруваа пишувајќи текст – извадок од детската лектира „Зоки Поки“. Стручната комисија, составена од Габриела Димитровска и Валентина Даневска, наставнички по македонски јазик и библиотекари во основните училишта, како и Даниела Георгиевска и Анита Петровска, библиотекари во ЈЛБ „Илинден“, ги донесе следните резултати:

  • Прва награда: Вирџинија Петровска
  • Втора награда: Леонтина Веселиновска
  • Трета награда: Вања Ковачка

Од јавното библиотечно установениe упатуваат честитки до сите наградени и учесници, како и благодарност до наставниците и училиштата за континуираната поддршка во негување на љубовта кон пишаниот збор.

Од библиотеката потсетуваат дека краснописот не е само техника на пишување, туку одраз на внимание, трпение и личен стил. Преку негуваниот ракопис се развиваат дисциплина, концентрација и моторика, а секој напишан збор претставува доказ за љубов кон знаењето.

Во време на доминација на дигиталната комуникација, велат од библиотеката, важно е да се потсетиме на вредноста на рачното пишување — на зборот што останува траен, човечки и искрен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*