Општина Македонска Каменица распиша три јавни повици за доделување стипендии и еднократна парична помош за учебната 2025/2026 година

Општина Македонска Каменица распиша три јавни повици за доделување стипендии и еднократна парична помош за учебната 2025/2026 година. Како што информираат од локалната самоуправа, ќе бидат доделени 20 стипендии за талентирани ученици од основното и средното образование запишани во општински и државни училишта, како и за студенти запишани на државни универзитети.

Покрај ова, Општината објави јавен повик до семејствата со ученик запишан во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица, за доставување барање за еднократна парична помош. Право на пријавување имаат учениците од гимназиско образование, текстилно-кожарска струка, геолошко-рударска и металуршка струка, како и машинска струка. Исклучок се учениците од машинската струка кои веќе ќе остварат стипендија од Министерството за образование и наука.

Третиот јавен повик се однесува на семејствата со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, кои исто така можат да поднесат барање за еднократна парична помош за новата учебна година.

Општина Македонска Каменица апелира заинтересираните да ги прегледаат огласите и условите за пријавување на официјалната веб-страна на Општината. Во соопштението, градоначалничката Соња Стаменкова истакнува дека мерките се дел од заложбата за поддршка на младите и нивниот образовен развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*