
Пехчево ќе биде домаќин на Државното првенство во пинг понг за 2025 година, на кое ќе настапат најдобрите основци и средношколци од целата држава. Натпреварите ќе се одржат на 21 ноември (петок) со почеток од 10 часот.
Организаторите најавуваат спортски ден исполнет со фер-плеј, силна конкуренција и можност публиката да ги поддржи младите таленти – момчиња и девојчиња кои се натпреваруваат за насловот најдобри во државата.
Пехчево, како домаќин, со гордост го поздравува државното натпреварување, кое посебно придонесува за промоција на спортот и развојот на младинските спортски капацитети во регионот.

Leave a Reply