
Денес, 20 ноември – Светскиот ден на детето, ден посветен на најмалите, на нивната радост, љубопитност и правото на безгрижно детство, во нашата установа го одбележавме со весела и искрена средба со дечињата од детската градинка „Весели цветови“, на возраст од четири и пет години.
Наши денешни гости беа група насмеани и љубопитни малечки кои ја исполнија просторијата со детски гласови и позитивна енергија. Упатуваме голема благодарност до воспитувачките Весна Поповска, Јадранка Багевска, Марија Стоименовска, Весна Цветкова и Данче Ѓеоргиева за соработката и нивната секојдневна посветеност кон децата.
Со активностите денес потсетивме дека секое дете заслужува љубов, грижа и можност да расте опкружено со книги, знаење и топлина. Да ги слушаме децата, да ги охрабриме нивните соништа и да им помогнеме да го градат светот со радост и насмевка.
Светскиот ден на детето се одбележува на иницијатива на Обединетите нации, како потсетник на два значајни датуми: усвојувањето на Декларацијата за правата на детето во 1959 година и Конвенцијата за правата на детето во 1989 година. Овој ден е посветен на промовирање на детските права, еднаквост, грижа и подобрување на условите за сите деца ширум светот.
Денешната средба беше весела, искрена, разиграна – токму онака како што детството треба да биде.

Leave a Reply