Општина М.Каменица го одржа првиот форум за креирање на Буџетот за 2026 година

На 20 ноември 2025 година, во просториите на Општина Македонска Каменица се одржа Првиот Форум на заедниците за креирање на општинскиот Буџет за 2026 година. На настанот учествуваа спортисти, претставници на невладини организации и пчеларите, кои ги презентираа своите идеи и предлози за унапредување на буџетските програми и приоритети на општината.

Градоначалничката Соња Стаменкова истакна дека присутните активно се вклучиле во дискусијата и со своите иницијативи придонеле кон оформување на идните проекти и насоки во буџетското планирање.

Општина Македонска Каменица ги повикува и сите останати граѓани да се вклучат во процесот на креирање на буџетот и да ги споделат своите предлози. Форумите продолжуваат согласно распоредот објавен на официјалната веб-страница на општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*