
Делчево продолжува со унапредување на својата патна инфраструктура. Од денеска започнаа работите на реконструкција на улицата „Кочо Рацин“ во населбата Милково Брдо.
Според проектот, прво ќе се реконструира старата водоводна мрежа, која ќе биде заменета со нова полиетиленска инсталација, а потоа ќе се изврши и реконструкција на коловозот во должина од 108 метри, кој досега беше оштетен и создаваше проблеми за жителите.
„Со овој проект, жителите на улицата, но и сите кои гравитираат во овој дел на Делчево, ќе добијат современа сообраќајница, поголема безбедност во сообраќајот и пристап до своите домови“, изјави градоначалникот Иван Гочевски.
Работите ги изведува компанијата ОСД Кирил од Штип, а вредноста на проектот изнесува 1,8 милиони денари. Средствата се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија.

Leave a Reply