
Со посебна чест и почит кон нашите пријатели од муслиманска вероисповед и почитувајќи ја традицијата по повод светиот месец Рамазан, вечерва организиравме ифтарска вечера во Делчево, објави вечерва градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.
На оваа заедничка ифтарска вечера, во духот на светиот месец Рамазан, упати порака за почит, солидарност и заедништво и за почитување на вредностите кои секогаш биле водилки во нашата заедница: меѓусебна поддршка, разбирање и грижа за секој поединец.
-Нашата општина секогаш била пример за соживот и почитување. Во духот на светиот месец Рамазан, вечерва во Делчево беше организирана заедничка ифтарска вечера на која присуствуваа граѓани и пријатели од муслиманска вероисповед, како и претставници од локалната заедница, истакна Гоцевски.
По тој повод упати порака за почит, солидарност и заедништво, со акцент на вредностите што со години ја одликуваат заедницата во Делчево – меѓусебната поддршка, разбирањето и грижата за секој поединец.
На Ифтар вечерата беше истакнато дека Општина Делчево отсекогаш претставувала пример за соживот и почитување на различностите, каде граѓаните заедно ги споделуваат и радостите и предизвиците. Низ годините, како заедница, жителите на Делчево чекореле заедно низ сите фази од развојот на градот, градејќи мостови на доверба, почит и соработка.
Ваквите средби, како што беше нагласено, имаат особено значење бидејќи придонесуваат за дополнително зацврстување на довербата меѓу луѓето и за негување на традицијата на меѓусебно разбирање и почит.
Ифтарот, како симбол на трпение, благодарност и споделување со другите, беше посочен како светол пример кој треба да нè поттикне и понатаму да градиме заедница во која почитта, хуманоста и солидарноста ќе бидат темел на секое заедничко дело.
На присутните им беа упатени и желби за лесен и благословен пост, како и рамазански денови исполнети со добрина, мир и светлина.

Leave a Reply