„Мултикултурализмот како предност, а не како пречка“, е главната порака на денешниот настан кој се одржа во Делчево како дел од проектот „Гласот на заедницата“
Настанот испрати силна порака за толеранција, меѓусебно почитување соработка помеѓу младите од различни етнички заедници.
Проектот го спроведува Ромскиот културен едукативен центар „Тернипе МК“ – Делчево, во партнерство со Здружението за промоција и заштита на правата на Ромите од Берово, а со поддршка од Општина Делчево. Проектот е исто така финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците.
Проектните активности се реализираат на територијата на општините Делчево, Берово и Пехчево, вклучувајќи ги и руралните средини како Робово и Црник.
Целна група на проектот се Млади на возраст од 15 до 25 години, а со истиот опфатени се преку 60 директни учесници беа вклучени во едукативни работилници, интеркултурни средби и информативни кампањи.
Меѓу останатотото цел е и Промовирање на социјална кохезија, недискриминација и меѓусебна доверба.
Активностите од проектот започнаа во мај 2026 година, а финалните активности се планирани за ноември 2026 година.
Во рамки на богатата културно-уметничка програма публиката имаше можност да ужива во разновидни музички и танцови точки изведени од младите учесници:
Сплет од народни песни и ора — изведен од КУД учесниците.
„Пролетно цвеќе“ — солистичка танцова изведба на Филип и Мила
Љубовна игра — изведена од Лара и Матеј
Балкански танц — во изведба на Јована и Мартин
Музички точки — изведени од учесниците од с. Црник
Градоначалникот Гоцевски кој присуствуваше на настанот ја упати пораката дека различностите се нашата најголема сила нагласувајки дека различностите го прават општеството побогато и поисполнето.
-Замислете цвет во кој постои само една боја — никогаш нема да ја има убавината на виножитото. Токму во спектарот од различни бои се крие неговата магија. Нашите различни култури, традиции и обичаи не нè оддалечуваат, туку го прават заедничкиот живот побогат. Мултикултурализмот не е пречка што треба да ја надминеме, туку предност што треба да ја негуваме.“ — порача Гоцевски.
На крајот од манифестацијата беа доделени сертификати за учество и придонес во проектот
Славица Димитрова (дипломиран социјален работник)
Зенил Реџепов (фасилитатор и организатор на културната програма)
Вахид Голиќ (претставник на партнерската организација од Берово)
Општина Делчево, Општина Пехчево и Општина Берово за остварената соработка и поддршка.
Настанот заврши со заедничка фотографија на сите учесници и порака пораката за заедништво и соживот да продолжи да се негува во сите сегменти од секојдневниот живот.

Leave a Reply