Директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево доби доверба и поддршка од колегите, на седницата на Собранието на Лекарската комора.
Директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, д-р Билјана Георгиевска, е избрана за претседател на Собранието на Лекарската комора, со што доби значајна доверба и поддршка од своите колеги.
По изборот, Георгиевска преку објава изрази благодарност за укажаната доверба, посочувајќи дека функцијата ја доживува како голема чест, но и како одговорност и обврска за посветено, транспарентно и професионално работење во интерес на сите лекари и нивната професионална организација.
На истата седница, за претседател на Лекарската комора беше избран проф. д-р Никола Јанкуловски, додека за негов заменик е избран д-р Идриз Орана.
Беа избрани и тројца потпретседатели на Комората: д-р Биљана Петковска Огњанова, д-р Ленче Нелоска и д-р Ристо Тодоров.
Георгиевска изрази уверување дека со заедничка работа, меѓусебно почитување и конструктивен дијалог ќе се придонесе за понатамошно унапредување на Лекарската комора, како и за јакнење на угледот и достоинството на лекарската професија.
Изборот на д-р Билјана Георгиевска на оваа функција претставува значајно професионално признание и за здравствената установа од Делчево.

Leave a Reply