Ружински оствари средба со Горан Алачки по повод наградата „Животно дело“

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински оствари средба со познатиот македонски музичар и уметник Горан Алачки, по повод доделувањето на престижната награда „Животно дело“ на Фолк фест Роса 2026.

Признанието претставува потврда за долгогодишната музичка кариера на Алачки, неговото творештво и посветеноста на македонската музика и фолклор. Низ годините, со својата работа и уметнички ангажман, тој остави значаен белег во македонската музичка сцена, придонесувајќи за зачувување, негување и афирмација на традиционалните музички вредности.

На средбата, градоначалникот Ружински му упати честитки за добиеното признание, истакнувајќи го значењето на долгогодишниот творечки ангажман и придонесот на уметниците во зачувувањето на македонското културно наследство.

-Му посакувам посака добро здравје, лична среќа, нови музички инспирации и уште многу успеси во понатамошната кариера – истакна Ружински.

Наградата „Животно дело“ е признание за годините посветени на музиката, но и за придонесот во пренесувањето на македонската песна и фолклорната традиција на новите генерации.

Со ова признание, како што додадоа од Општина Берово, Горан Алачки се вбројува меѓу музичките уметници чиј творечки пат е одбележан со долгогодишна посветеност на македонската музичка култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*