Во предвечерјето на празникот Успение на Пресвета Богородица, во двата храмови кои се посветени во чест на овој празник во Делчево и Македонска Каменица, се служеше празнична вечерна богослужба.
На вечерната во двата храмови началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на свештенството од Епархијата.
За време на литијните стихири со плаштеницата на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица се изврши опход околу храмовите.
Епископот за време на вечерната служба им се обрати на верниците, искажувајќи содржајна беседа во врска со празникот.


Leave a Reply