Во Берово одржана трибина за подобра соработка помеѓу ромската заедница и институциите

Денес, 10 јуни 2019 година во салата за состаноци во просториите на Народна техника Берово се одржа трибина на ромската заедница со претставниците од институциите. Тема на трибината беше ,,Подобрување на комуникацијата , информираноста и соработката помеѓу ромската заедница и институиците на локално ниво.

На трибината беше промовирана и поделена брошура: Водич во новините во законите за здраствена и социјална заштита

Претходно беа одржани две работилници : Работилница за измените во законот за Социјална заштита и Работилница за правата од Здравствената заштита и правата од здравственото осигурување.

Активностите се дел од работата на Ромскиот културен и едукативен центар „Тернипе МК“ Делчево кој го спроведува проектот: „Со знаење до реализација на правата кои ми припаѓаат“. Проектната акција која ја имплементира РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево е од третиот повик за доделување на мали грантови во рамките на проектот: „Од акција до еднакви права на Ромите“ – Асоцијација за Демократски Развој на Ромите „Соце“ од Тетово, финансиран од Европска унија.

Целта на проектната акција: е Надминување на дискриминацијата на ромската заедница  преку правно описменување  за правата од социјалната и здравствената сфера.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*