Женски јастреб спасен од посериозна повреда во село Тработивиште

Женска птица од видот јастреб, спасена од посериозна повреда во близина на село Тработивиште. Птицата ја нашле мештани кои ја згрижиле, а потоа побарале помош. Прв за случајот бил информиран планинарот Љупчо Чучуковски, кој вели дека, најверојатно се работи за женска птица од родот јастреб, која често може да се сретне во близина на околните планини над село Тработивиште.
 
-Се работи за женски јастреб на возраст од околу 3 години, висока околу 50 сантиметри, тешка повеќе од 1 килограм и со распон на крилјата поголем од 120 см. При мојата посета на местото каде е згрижена, констатирав дека едното крило на птицата и е скршено и дека треба да се лекува, за да може да преживее на што луѓето се согласија. Луѓето кои ја пронашле птицата имаат желба да се грижат за истата, за што посебно сум среќен, вели Чучуковски.
По ова, Чучуковски стапил во контакт со ветеринар, кој во текот на следната недела, ќе интервенира со цел целосно, да биде санирана повредата на птицата.
 
-Бидејќи птицата веќе е во стабилна состојба, се договоривме со докторот, наредната недела да преземе хируршки зафат, по што се надевам дека птицата ќе биде во ред, но сепак ќе нема да може да лета, бидејки крилото претрпело посериозна повреда. По мое мислење, истата најверојатно е гаѓана со пушка, а потоа бидејки била падната во тревата и прегазена со автомобил, додава Чучуковски.
 
Јастребот е ретка птица во регионот во регионот, а главно место на гнездење им е над брана Лошана, која се наоѓа на 5 километри над село Тработивиште (Општина Делчево). Во сличен ваков случај, пред една недела беше спасен белоглав мршојадец во Малешевијата.

Женска птица Јастреб спасена од повреда во село Тработивиште

Женска птица Јастреб спасена од повреда во село Тработивиште

Posted by delcevo365.mk on Saturday, October 19, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*