Во просториите на читалната при Јавната локална библиотека „Илинден“, денес во Делчево се одржа натпреварот „Млади библиотекари“ . На настанот како што информираше директорката Билјана Петровска, учествуваа вкупно 22 репрезенти на двете општиски основни училишта, кои писмено одговараа на прашалникот составен од 20 прашања.
-Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, денес ЈЛБ ,,Илинден”, по 20 пат го спроведе натпреварот „Млади библиотекари“. На истиот учествуваа 22 учесници од двете основни училишта од Делчево. За пофалба е тоа што 4 ученици освоија по 100 бодови, што значи дека сите овие 4 ученици се победници на овој натпревар, со тоа што Дамјан Маневски ќе биде делчевскиот претставник на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, истакна Петровска.

Во текот на вчерашниот ден како што додаде, натпреварот „Млади библиотекари“ се реализирал и во Македонска Каменица.
-Натпреварот во Македонска Каменица се одржа во клонот на нашата библиотека „Крсте Петков Мисирков“ и таму своето знаење имаа можност да го покажат вкупно 12 ученици. Како најдобар се покажа ученикот Андреј Георгиевски, кој заедно со Дамјан Маневски ќе учествува на Републичкиот натпревар, додаде Петровска.
За регуларноста на натпреварот се грижеше повеќечлена комисија составена од професори по македонски јазик, додека прашањата беа дел од Прирачникот на Библиотекарското здружение на Македонија издаден 2018 година.
Одржан општинскиот натпревар ,,Млади библиотекари"
Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 22, 2019
Leave a Reply