Во Делчево започнаа активностите од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со општинските основни училишта „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, детската градинка „Весели Цветови“ и полициската станица од Делчево започна со спроведувањето на сообраќајно превентивната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
 
Со акцијата како што информираше Николинка Петровска Мавродиева од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ќе бидат опфатени близу 200 ученици. 
 
-Цел на оваа акција е запознавање на првачињата и децата од претшколска возраст со основните правила и прописи во сообраќајот и сообраќајната сигнализација преку едукативни предавања со презентација на сообраќајниот буквар и одржување на нагледни предавања на улица со сообраќајната полиција, истакна претседателот на Општинскиот совет за безбедност на патниот сообраќај, Николина Петровска Мавродиева.
Фото: Д.Чапевски
Со првите предавања, како што додаде, беа опфатени 35 деца од претшколска возраст и 29 првачиња, а планирано е со акцијата да бидат опфатени вкупно 194 деца.
 
Оваа акција беше поддржана и од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата кој за дечињата обезбеди боенки, сообраќајни лектири и банери.
Фото: Д.Чапевски
Фото: Д.Чапевски
Фото: www.delcevo365.mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*