Денот на Македонската револуционерна борба одбележан во Делчево

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска го чествуваше Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, членовите од Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево, подготвија пригоден реферат, потенцирајќи го значењето на овој празник, кој е симбол на борбата на македонскиот народ за вековниот стремеж за сопствена држава.

-На денешен датум почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден и Крушевската Република преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, истакнаа во својот говор, младите членови на КУД ,,Гоце Делчев”.

По повод значајниот датум за македонската историја, пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот, се поклонија и букети свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево и од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.

23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба со пригодни активности се одбележа и во соседните општини.

Од одбележувањето на 23 Октомври – Ден на Македонската револуционерната борба

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, October 23, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*