Симулација на пожар во услови на Ковид-19 во деветолетката „Св.Климент Охридски“

Делчевската противпожарна единица денес реализираше симулациска вежба за гаснење на пожар во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во услови на Ковид-19. Во рамки на тактичко-показната вежба пожарникарите имаа интервенција на пожар во стариот дел од училиштето и притоа евакуаирани и спасени беа двајца повредени. Како што информираше Миле Тодоровски од ТППЕ Делчево, во активноста учествуваа 14 пожарникари и три возила.

-Зафатено беше дел од стариот дел на училиштето. Интервенирано е со ФАП 13 и пуштање една линија и разделница, извршена е евакуација на едно лице на скала и спасување на повредено лице од внатрешноста на училиштето и евакуација. Во симулациската вежба учествуваа три противпожарни единици, 14 пожарникари и три против пожарни возила, рече Тодоровски.

Овие вежби, како што додаде се редовна пракса, за да се види подготвеноста на вработените во единицата услови на вистинска појава на пожар во установите и институциите во градот.

-Ова е од особено значење, бидејки ние не знаеме кога ќе имаме ваква ситуација и интервенции. Целта на одржувањето на ваквите вежби е да се види редовната подготвеност, како физички така и психички, како и исправноста на опремата што ја располагаме, додаде Тодоровски.

Грaдоначалникот Горан Трајковски кој присуствуваше на оваа симулациска вежба, изрази задоволство што пожарникарите се подготвени за вакви предизвици.

-Дај Боже да немате работа, да правите акции, да сте увежбани и во училиштата и во градинките, тоа вам ви е редовна работа за која секогап треба да се имате план за вакви акции и евакуации, но како што реков, дај Боже да не се појават, рече Трајковски.

Пожарникарите наскоро ќе добијат дополнителна заштитна опрема во делот на заштитни ракавици и чевли по сите стандарди за гаснење на пожари, а општината е во фаза на реализирање проект за набавка на ново противпожарно возило.

Еве како изгледаше показната вежба во делечвската деветолетка „Св.Климент Охридски“.

ТППЕ Делчево реализираше симулациска вежба во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во услови н КОВИД-19

ТППЕ Делчево реализираше симулациска вежба во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во услови н КОВИД-19

Gepostet von delcevo365.mk am Freitag, 10. Juli 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*