Презентирани техничките решенија за проектот „Водоснабдување на Делчево“

Претставници од фирмата „Хидро Енерго-инженеринг“ во Делчево извршија презентација на техничките решенија за хидроградежниот дел од големиот проект „Водоснабдување на Делчево“. Проектот, како што информираа од општина Делчево е во фаза на имплементација во Делчево и во селата Габрово и Ѕвегор.

-Целта на неговата реализација е подобрување на квалитетот на водата за пиење, зголемување на ефикасноста и модернизацијата на системот, како и подобрување на водоснабдувањето во градот и селата, истакнаа од општината.

Согласно со техничките решенија, предвидена е изградба на нова станица за третман на вода, која ќе се гради на локацијата на сегашната станица, вклучувајќи модерна опрема и концепт на енергетска ефикасност. 

Со нејзината изградба, како што додадоа надлежните, предвидено е зголемување на постојните капацитети на бунарските подрачја со изведба на 2 нови бунари и реконструкција и модернизација на постојните.

-Исто така предвидено е зголемување на резервоарскиот простор во Делчево со изградба на нов резервоар од 800м3 лоциран до сегашниот од 300м3, реконструкција на помошните објекти по должината на доводниот цевковод, комплетна реконструкција на мрежите за водоснабдување на Габрово и Ѕвегор со поврзување на системот за водоснабдување на Делчево, автоматизација на системот за зголемување на ефикасноста и нивото на обезбеденост на услугата со управување преку SCADA-центар, искористување на обновливите ресурси со изведба на фотоволтаична централа, која директно ќе ги напојува со струја бунарската област и новата станица во Тработивиште, додадоа надлежните.

Имплементацијата на проектот започна во ноември 2018, а треба да заврши во првите месеци од 2022 година. Проектот е вреден 7,3 милиони швајцарски франци од кои 6 милиони се донација од Швајцарска конфедерација преку Амбасадата на Швајцарија, а останатото е учество на РСМ преку Министерство за животна средина и Општина Делчево. Проектот го спроведува  EBP Schweiz AG, Zollikon Switzerland, а краен корисник е ЈКП Брегалница-Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*