Неколкучлена женска група планинари, членови на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ го искачија врвот „Чупино Брдо“ на 1725 метри надморска висина. Како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски кој во улога на водич учествувал на маршот, почетна точка на маршрутата била во селото Блатец.
-Потоа продолживме кон Герасимов Кладенец и Кладенец Легало се до врвот „Чупино брдо“ на планината Плачковица. Маршот беше долг 12 километри во двата правци, а се реализираше по убаво сончево време, рече Чучуковски.
Висинската разлика на маршот, како што додаде изнесувала 1015 метри надморска висина.

-Ова беше средно тешка планинарска тура за која треба добра кондиција, а имајки предвид дека учесничките беа жени, мора да ги пофалам, бидејки беа подготвени исто како планинари од машка возраст. Овој врв е многу важен за нас, бидејки влегува во планинарската патека која ја маркиравме минатата година, а која почнува од Делчево, поминува преку целата планина Голак, потоа низ планината Плачковица и завршува кај селото Градец, додаде Чучуковски.
По обележувањето на патеката со патокази, минатата година истата го доби статусот на прва Национална патека во Брегалничкиот регион.
Leave a Reply