Делчевската полиција дел од активноста „Биди горда што си безбеден возач“

Во Делчево спроведена едукативна превентивна акција за почитување на жената како рамноправен учесник во сообраќајот. Активноста како што информираше Марија Аџиска од Полициското одделение за општа надлежност Делчево е одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8 Март.

-Оваа превентивна акција се реализираше преку симболично доделување на цвеќе и промотивно едукативен материјал за жените учеснички во сообраќајот под мотото „Биди горда што си безбеден возач“. Приликата ја користам на сите припаднички на понежниот пол да им го честитам денешниот празник, рече Аџиска.

Активноста како што додаде се реализираше во соработка со Отсекот запревенција при СВР Штип преку полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*