Ромската заедница од Делчево се едуцира за „Социјална отчетност и правно зајакнување“

Невладината организација „КХАМ“ од Делчево продолжува со спроведување на проектот во дел на информирање на заедницата како дел од проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување“. Координаторот Зоран Биковски информриаше дека за таа цел граѓаните преку делење флаери и едукација се едуцираат во делот на здравствената заштита и  остварување на своите права во услови на Ковид-19, како и запознавање со активните мерки за вработување на Владата.

-Она што го воочивме на терен е дека заедницата, пред се ромската заедница е запознаена со мерките од Оперативниот план за вработување, но се уште со недоверба гледаат на опасностите кои демнеат поради Ковид-19. Постои разочарување во делот на користењето здравствени услуги, особено кај специјалистичките услуги има проблем со закажување на термини за повеќе здравствени услуги и оперативни зафати, што претставува проблем за самата ромска заедница. И покрај тоа што е во социјален ризик, сето тоа ја принудува заедницата да бара термини во приватни специјалистички установи и услугите да ги прави на приватно, каде лекувањето е доста скапо за нивни услови, истакна Биковски

Ова Биковски го надополни со фактот што за одредени услуги е наплаќана цена и во висина од 8000 денари. 

-Затоа како невладина организација остануваме на тоа да се користи државното, односно јавно здравство, матичните лекари да се обидат навреме да закажат термин. Иако знаеме дека не е се до нив, интернистичките услуги мора да се даваат согласно протоколите, но лицето врз основа на реален преглед треба да добие терапија и на тој начин да го унапредуваме здравјето на ромската заедница, додаде Биковски.

Преку делење флаери и едукација на населението, НВО „КХАМ“ како што допопни Биковски, ќе продолжи да биде на терен и да бара институциите си ја вршат својата работа во интерес на подобар живот во заедницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*