Без поголеми проблеми во сообраќајот по новиот снежен бран кој го зафати Пијанечко-малешевскиот регион

Новиот снежен бран кој го зафати Пијанечко-малешевскиот регион не предизвика сериозни последици по учесниците во сообраќајот. Надлежните информираат дека патиштатата се проодни, но апелираат на претпазливост поради можната појава на одрони долж магистралата А3.  

-Иако имавме интензивни врнежи во изминатите два дена, особено во повисоките места, тоа не предизвика проблеми по однос на сообраѓајот. Патниот правец до граничниот премин Делчево е чист исто како и регионалните патни правци Делчево – Пехчево – Берово. На овие патни правци во овој период е можна појава на одрони поради што препорачуваме внимателно возење особено на делницата Делчево – Македонска Каменица, информираа од надлежните служби.

Оттаму додаваат дека дежурните екипи се постојано на терен и ќе продолжат да ги одржуваат сите патни правци проодни.

Како последица од снежните наноси и кашестиот снег, мала незгода како што информираат дежурни граничари, синоќа околу 19 часот е регистрирана над делчевското селото Ѕвегор. 

-При движење во правец од граничниот премин кон градот Делчево камион се излизга од патот, при што беше повикана шлеп служба за негово извлекување на коловозот. Не е забележана поголема материјална штета или повреди кај возачот, велат вработените.

Од утрово изразити врнежи од снег се забележани на територијата на Општина Берово додека најголема снежна покривка има на планината Голак.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*