Делчевската библиотека со активност за поддршка на младите таленти Мила Сугарева и Горјан Малешевски

Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево, секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржува сите наши млади луѓе, наши деца кои се талентирани, способни, кои творат, создаваат, знаат што сакаат и имаат своја цел. Токму такви се нашите млади сограѓани Горјан Малешевски и Мила Сугарева, млади уметници , кои создаваат прекрасни дела на платно или хартија. Ова денес го истакна директорката на библиотеката ЈЛБ „Илинден“ која одлучи дел од нивните слики да постави во холот на библиотеката.

-Одлучивме во овие убави летни денови нивните дела да го красат нашиот ходник и да го разубавуваат нашиот простор. Сите наши читатели кој ќе доаѓаат во библиолтеката ќе имаат можност да ги разгледаат овие прекрасни дела да видат со каков талент се овие наши млади сограѓани. Денес тоа се Горјан и Мила, утре тоа ќе бидат некои други наши деца кои се талентирани кои творат, без разлика дали повторно ќе бидат уметници, или музичари, поети, писатели. И како поединци и како институции треба да ги поддржиме, промовираме и мотивираме сите наши млади луѓе кои творат и оставаат дела и белег зад себе, рече Петровска.

На Мила и Горјан од ЈЛБ„Илинден“ им се заблагодарија за добрата соработка и им посакуваа многу успех со уште многу прекрасни слики. Сите сограѓани ги поканија да дојдат да ги погледнат сите тие слики кои се поставени во ходникот на библиотеката, а ќе бидат тука до крајот на месецот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*