Во тек пријавувањето за 8-от планинарски марш ,,Голак 2022″

ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК Делчево, во соработка со Федерацијата за планинарство и Општина Делчево, на ден 11 септември 2022 година (недела) го организира 8-миот традиционален планинарски марш, со следната маршута:

Град Делчево 595 м.н.в. – Ветровити Рид 753 м.н.в. – Богородичка Полјана 900 м.н.в. – Милосова Чешма 1040 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Спортски Терени 1400 м.н.в. – Врв Чавка 1538 м.н.в. – Манастир Св.Пантелејмон кој се наоѓа на врв Мала Чавка 1508 м.н.в.Се враќаме по друга патека односно од Спортските терени 1400 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Долна Богданица 946 м.н.в. – Трајанов Рид 730 м.н.в. – Манастрир Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в. – Делчево 595 м.н.в.

Можно е патеката да ја промениме по обратен редослед, поради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и пијанечката котлина.

Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 3 часа и 30 минути а се слегува за 2 часа.Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати.Се минува низ дабова,габерова и борова шума.

Патеката на некои места минува низ густа шума и не е опасна,но сепак треба да се внимава и да се почитува препораката на водичите.

Патеката е средно тешка.

Потребна Опрема :
Облека за заштита од сонце за летни услови , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце,Полувисоки кондури за летно време, Ранец за еднодневна акција најмалку 20 литри, Планинарски стапчиња, Прибор за лична хигиена,медикаменти,мала прва помош,Крпа за лице и раце, Прибор за јадење (чинија,вилушка,лажица,нож) како и шише за вода од најмалку 1.5 литри.

Ден 11 септември 2022 год.(недела) собирање на учесниците од 07.30 до 07:55 часот. Тргнување во 08 часот од центарот на Делчево –паркинг позади црковниот храм Св.Кирил и Методиј од каде продолжуваме кон врвот Чавка 1538 м.н.в..Во 12 часот и 30 минуту ќе имаме ручек (планинарско гравче) со салата, кои се обезбедени од организаторот, како и доделувања на благодарници за учесниците. Во 14.30 е враќање назад кон Делчево.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Потребно е сите учесници да се придржуваат на упатствата и препораките од организаторот,посебно за мерките за безбедност од КОВИД 19.

Дополнителна исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец по своја желба, суво овошје ,свежо овошје и зеленчук,џусови, жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити ……..

Напомена :
-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат некој, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Информација: – Од самиот простор кај црквата Св.Пантелејмон 1508 м.н.в. има прекрасен поглед кон планините Рила и Пирин во Р.Бугарија како и на нашите планини Осогово,Влаина,Малешевски Планини,Плачковица,Средна,Обозна.Прекрасен поглед на Кочанската котлина и на езерото Калиманци.

Организација : ПСК ГОЛАК Делчево.
Водич: Љупчо Чучуковски
Помошник водич: Ќе бидат кажани на денот на тргнување кои ќе бидат најмалку 4-ца.
ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 09 септември (четврток) 2021 год.(четврток) Кај Претседател Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски на телефон 070 605 137 или на Маил psdgolakdelchevo@yahoo.com
ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ПЛАНИНАРСКИ СОБИР НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК !!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*