Жителите на Први Реон ја продолжуваат традицијата за Велигден

Во делчевската населба Први Реон денес по 21 пат се организира заеднички ручек како дел од одбележувањето на Велигден. Ручекот како што велат организаторите е пред се за здравје, но ќе се упати и молитва годината да биде дождлива и родна, вели Златко Златковски, еден од учесниците во организацијата, додавајки дека од постарите им останало жртвата која се принесува да биде обречена стриктно за врнежи од дожд во текот на годината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*