Проектот ,,Суперучилишта” повторно ги зближи СОУ ,,М.М.Брицо” од Делчево и Средна Стручна Школа од Пирот

Во Делчево денес почнаа активностите од проектот ,,Суперучилишта” кој е дел од програмата на долгорочни партнерства Don’t Give Up, Gift UP. Носители на проектот се гимназијата Методи Митевски – Брицо од Делчево и Средна Стручна Школа Пирот, кои ја одржаа првата прес конференција на која учествуваа локалните координатори од Делчево и Пирот како и тимот на учесници.

Директорката на Средното општинско училиште Методи Митевски – Брицо Дијана Цонева посакувајки им топло добредојде на гостите од Србија, изрази надеж дека оваа соработка помеѓу двете училишта која се реализира втора година ќе продолжи и понатаму преку долгорочно партнерство.

-Посебно ме радува вашата посета на која планираме заеднички да работиме на размена на искуства помеѓу учениците и наставниците на полето на култура, мултикултурализмот и образованието имајки во предвид дека двете држави се соседи и имаат многу сличности помеѓу себе. Програмските активности кои ќе се реализираат во нашето училиште во наредните неколку дена ќе бидат водени од локален координатор и надворешни експерти, со вклучување на претставници од двете училишта. Фокусот ќе се даде секако на размена на искуствата помеѓу двете училишта и секако за јакнење на капацитетите меѓу нив самите – Пирот, рече Цонева.

Локалниот координатор на проектот Желеанка Демирова пред присутните ученици ја претстави агендата која предвидува активности во повеќе области како дел од проектот.

-Во текот на овие денови очекуваме да имаме и мониторинг од самата фондација, а отворени сме за соработка со сите фондации и невладини организации, така што и овој линк на вмрежување да го направиме со поголема леснотија. Секако се радуваме, ова ни е втора година, овде се присутни претставниците на училишната заедница и алумни учениците кои беа дел од тимот од претходниот проект. Оваа година поразлично од лани, секој ученик ќе има шанса да се натпреварува во Суперучилишта со најдобра поема со најдобар текст, видео, слоган комбинација од сите тие работи. Тоа ќе значи дека сите идеи и визија од искуството ќе можат најдоцна до 22 октомври да се претстават во рамки на овој проект, рече Демирова.

Марија Ќириќ, локален координатор на проектот од Пирот додаде дека чест и задоволство е што по втор пат имаат можност да соработуваат со делчевската гимназија и што Регионалната канцеларија на Балканот го препознак квалитетот на проектните пријави како потврда за успршно реализираниот минатогодишен проект. 

-Се надеваме дека овие деца кои се различни од оние минатата година да продолжат таму каде застанавме минатата година. На почетокот имаме добра атмосфера меѓу учениците, кај нив тоа дружење оди брз некои поголеми проблеми така што се надеваме на успешна реализација на работилниците и актовностите во рамки на овој проект, рече Ќириќ.

Професорката Душица Голубовиќ која исто така по втор пат учествува во проектот,

очекува и оваа година соработката да биде доста успешна.

-Сигурна сум дека децата ќе ги остварат сите задачи како и првата генерација минатата година. На почетокот тремата е присутна бидејки треба да се надмине она што беше постигнато минатата година. Како течат активностите тие ќе бидат на висина на задачата и дека ќе бидат презадоволни правејки се што е потребно овие активности  да продолжат и понатаму, рече Голубовиќ.

За дел од учениците ова е  нивно прво учество во Меѓународен проект.

-Јас сум Лука Стоименовски од овде во Делчево и прв пат учествувам на ваков Меѓународен проект, очекувам да се запознаеме со децата од Пирот и да се дружиме и стекнеме нови искуства и знаења.

-Се викам Кристина Гогов, доаѓам од Димитровград несто покрај Пирот, многу сум среќна што сум овде да запознаам нови другари и да стекнам ново знаења и култури.

Суперучилишта е програма на RYCO за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

 RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и помеѓу општествата во Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени. RYCO иницира и учествува во креирањето политики и се залага за реформи. Го поддржува и зајакнува развојот на политичкото и социјално опкружување и ја олеснува размената на младите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*