Земјотрес во Делчевско!

Земјотрес со епицентар од 3,3 степени по Рихтер утрово околу 9:32 часот се почувствува во делчевско. Бугарски медиуми јавуваат дека земјотрес утрово во 5 часот е почувствуван во реонот на Симитли, а земјотресот во 09:32 часот бил почувствуван и во Благоевградско.

Според Европскиот сеизмолошки центар земјотресот во Симитли бил со магнитуда од 2,8 степени по Рихтер и е регистриран на длабочина од 2 километри во споменатото подрачје.

Граѓаните на Делчево во коментари на социјалните мрежи потврдија дека истиот се почувствувал и во Делчево, каде што бил во времетраење од 10 секунди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*