Отворениот ден на граѓанско образование во Делчево ќе се одбележи со акцијата „Подарувам книга“

Отворениот ден на граѓанско образование во Делчево ќе се одбележи со акцијата „Подарувам книга“ која ќе се реализира како дел од активностите на делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ со цел да се подигне свеста за општествена одговорност кај учениците.

-Во рамки на настанот предвидено е учениците, наставниците и сите заинтересирани граѓаните, да присуствуваат со своја книга или сликовница што веќе ја имаат прочитано и на истата да напишаат позитивна порака за читањето и да го додадат своето име. Целта на акцијата „Подарувам книга “ е кај учениците да се развијат хуманоста, општествената одговорност, волонтерството  и желбата и љубовта кон читањето, истакнаа од делчевската деветолетка.

Собраните книги во рамки на акцијата „Подарувам книга“ како што додадоа од деветолетката, ќе бидат донирани во библиотеките во подрачните училишта кои работата во состав на централното училиште.

-Акцијата ќе биде реализирана на ден 23.03.2021(вторник) година во училишниот двор, со времетраење од 11 до 14 часот. За таа цел ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат во одбележувањето на Отворениот ден на граѓанското образование, додадоа од ООУ „Св.Климент Охридски“.

Настанот ќе се реализира според предвидените протоколи за заштита од Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*